/ Прочитано:

859

Уапсен пакистанскиот премиер Раја Первез Ашраф и 16-мина негови соработници

Вторник, 15 јануари 2013 – Пакистанскиот Врховен суд издал налог за апсење на премиерот Раја Первез Ашраф и на уште 16 негови соработници, меѓу нив и актуелни министри кои се осомничени за корупција. Осомничениете се приведени и се наоѓаат во затворот близу Исламабад. Уапсените се под сомнение дека примиле мито при доделувањето на тендерските договори во областа на енергетскиот сектор, во периодот кога Ашраф беше министер за енергетика, 2010 година. 

Пакистанските медиуми се преплавени со веста за како што ја нарекуваат „борбата за власт меѓу Врхониот суд и Владата“. Врховниот судија, Мохамед Чаудри издал налог за апсење на премиерот Раџа Первез Ашраф  и на уште 16 осомничен поради обвинение за корупција и злоупотреба на службената положба во периодот додека бил министер за енергетика во 2010-та година. Сите се под сомнение дека примиле мито при доделувањето на тендерските договори во областа на енергетскиот сектор. Актуелниот премиер експресно беше пренесен во затвор во Исламабад, главниот град на Пакистан.  Во медиумите се огласи советник на премиерот, кој постапката на Судот ја оцени за противуставна. 

Меѓу Врховниот суд и Владата со години владее конфликт

Врховниот суд во јуни оваа година му ја одзеде функцијата на тогашниот премиер Јусуф Раџа Гилани. Тој го игнорираше барањето на судот да ја замоли Швајцарија за повторување на истрагата за корупција против претседателот Асиф Али Зардари, кој беше осомничен дека во 1990-те години со својата сопруга Беназир Буто во Швајцарија префрлил нелегални пари. Парламентот во Исламабад, го потврди одземањето на функцијата на Гилани и го избра актуелниот премиер Ашраф за негов наследник.

Сегашната наредба на судот се случила во ист момент кога земјата ја потресуваат внатрешни проблеми, а најголемиот од нив се протести на илјадниците приврзаници на муслиманскиот проповедник Тахир ул Кадри кои бараа оставка од Владата.