/ Прочитано:

907

Уапсен режисерот на филмот „Невиноста на муслиманите“

Режисерот на филмот  „Невиноста на муслиманите“, Накула Баселеј Накула, (55) е уапсен и пренесен во затвор, јавува „Лос Анџелес Тајмс“. Баселеј Накула е уапсен поради прекршување на условите на неговата условна казна со која му било забрането да користи компјутер или интернет без одобрение на властите и користење на лажно име. 

Неговиот филм, кој беше емитуван преку „Ју тјуб“ предизвика бес во муслиманските земји и  насилни протести во кои имаше и човечки жртви, убиен беше и американкиот амбасадор во Бенгази, Либија. 

Во изјава дадена за Асошиејтед прес под лажното име Сем Б.., Бајсел Накула вели дека филмот бил финансиран со 5 милиони долари од страна на богати еврејски донатори. Судејќи по квалитетот на филмот, експертите го отфрлија ова како невистинито. 

Во 2010 година Накула бил прогласен за виновен за банкарска измама и осуден на 21 месец затвор.