/ Прочитано:

862

Уапсени 11 лица осомничени за убиството на рускиот пратеник Михаил Пахомов

Понеделник, 18 февруари 2013 – Руските власти уапсија 11 лица под сомнение за учество во убиството на рускиот пратеник Михаил Пахомов, чие тело беше пронајдено во буре со цемент во околината на Москва.

„Под сомнение за извршување на кривичното дело се уапсени 11 лица. Заедно со нив е приведен и наводниот нарачател на убиството“, се наведува во соопштението на руското Министерство за внатрешни работи.

Според податоците на Министерството нарачателот се обидел да избега од ограните на редот, но бил уапсен на аеродромот „Шерметиево“.