Убиство во Сарај — осомничениот приведен
Четврток, 22 мај 2013 – Синоќа околу 20.30 часот се случило убиство во околината на Сарај, по претходна расправија и нерасчистени сметки помеѓу лицата З.Ѓ и Ш.Л., пренесува агенцијата „Журнал“.
Двајцата првин се карале во еден кафе-бар во близина на џамијата на патот од Сарај кон Љубин. З.Ѓ. потоа заминал дома но по 10 минути се вратил и го застрелал Ш.Л. со неколку куршуми во телото.
Полицијата веднаш дошла на местото на злосторството, при што осомничениот за убиството З.Ѓ. е приведен.