Учесниците со одлични впечатоци од обуката на Академик за примената на ЗОУП
Академик одржа обука за примената на Законот за општата управна постапка во решавањето на управните работи и остварувањето на правата на странките во постапката, на која предавачи беа управни инспектори во Државниот управен инспекторат.
Пред големиот број учесници на обуката се дадоа детални одговори на многу прашања кои произлегуваат од секојдневното применување на Законот дури и по 2 години од почетокот неговата примена.
Во таа насока, на обуката поконкретно се говореше за основите на Законот за општата управна постапка, потоа за управната постапка пред првостепениот орган, за правните лекови во постапката, како и за правилното применување на законските одредби во практиката.
„Она што е значајно за обуките во организација на Академик е што има непосредно разменување на искуства во врска со примената на законите. Ова посебно се однесува за примената на ЗОУП кој е многу важен закон за органите на државната управа. Во таа смисла, темата на обуката е одлична и многу актуелна. За темата говореа предавачки кои имаат максимално познавање на законската материја и кои знаат како да го пренесат своето знаење. Токму ова, заедно со одличната организација на обуките на Академик им дава извонреден квалитет“, велат учесниците на обуката.
„Предавачките преку практични примери ни разјаснија многу дилеми во врска со примената на ЗОУП“.
„Предавачките се перфектни. Потковани се со големо знаење и искуство и пријатно комуникативни“.
„Нашата посета на обуката за примена на новиот ЗОУП е од големо значење бидејќи го надополнува нашето познавање на постапката, како во поглед на подготовката на актите така и во поглед на постапувањето со странките и другите органи. На обуката се разјаснија сите нејасни работи за да можеме во иднина полесно и побрзо да ги извршуваме работите во пракса“.
„Предавачките беа одлично подготвени и одлично го пренесоа своето знаење“.
„Организацијата на обуката беше одлична. Предавачките исто така“.