Учесниците во изборната кампања да достават извештај за примените донации, укажуваат од ДЗР
„Државниот завод за ревизија им укажува на сите учесници во изборната кампања дека се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање и тоа на ден 30 октомври 2021 година да изготват и достават до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, согласно член 84-б став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21).
За таа цел, Државниот завод за ревизија на ден 30 октомври ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР dzr@dzr.gov.mk.
Укажуваме дека Извештајот со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања учесникот во изборната кампања е должен да го изготви на образец пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/2021 и 218/2021). Составен дел на овој правилник е Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот.
Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници.
За Ваше информирање, наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти на следниот линк https://dzr.mk/sites/default/files/2021-09/Pravilnik_za_%20izmenuvanje_%20na_Prav_izveshtaj_IK.pdf“; соопштуваат од ДЗР.
ДИК: Управниот суд за важечки прогласи гласачки ливчиња без печат
ДИК ги поништи измените на Упатството за важечки и неважечки ливчиња
ДИК го измени Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња
ДИК ги соопшти резултатите од локалните избори
JO: Голем број поднесоци за изборни нерегуларности
Обвинителството постапува по повеќе предмети во врска со локалните избори
Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите започнува утре
М.В