/ Прочитано:

995

УЈП бара решение за олеснување на регистрацијата на пензионерите

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска изјави дека поддржува наоѓање решение со кое ќе се овозможи пензионерите без дополнителни приходи да немаат обврска да одат во Управата за јавни приходи според новиот проект за регистрирање на приходите.

„За да им излеземе во пресрет на граѓаните, УЈП работи на решение да им олесни на пензионерите кои немаат дополнителни приходи надвор од пензиите, да не одат во УЈП. Тоа, пред сè, е работа на УЈП, но јас лично поддржувам такво решение. Мислам дека УЈП ќе може да најде нешто со што би им се излегло во пресрет на пензионерите“, рече Тевдовски.

„Тој посочи дека проектот што го спроведува УЈП е почнат од претходната влада, поддржан е со пари од ЕУ, а идејата е да се подобрат услугите на Управата кон граѓаните. Треба да им се овозможи на граѓаните, наместо како години наназад сами да пополнуваат пријава, за нив тоа да го направи даночната управа и потоа да им биде само покажана дали ја одобруваат пријавата или не“, рече Тевдовски.

Се разгледуваат можности за олеснување на процедурите за пререгистрацијата во системот на УЈП

УЈП на прес-конференција ги појаснуваше новините за регистрација на граѓаните во системот за годишната даночна пријава

УЈП ја образложува постапката за регистрација на граѓаните во е-системот во врска со годишната даночна пријава М.В