УЈП: Доставата за декемвриските и јануарските сметки за радиодифузна такса ќе се врши во февруари
Причината за тоа, како што наведуваат во соопштението, е поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ.
Управата за јавни приходи информира дека доставата за декемвриските и јануарските Решенија за радодифузна такса ќе се врши во февруари, односно е веќе започната.
Причината за тоа, како што наведуваат во соопштението, е поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ.
„Плаќањето на радиодифузната такса за овие две Решенија (декември и јануари), граѓаните и фирмите потребно е да го извршат во најкраток можен рок од приемот на решенијата“, велат од УЈП.