УЈП ги прашува граѓаните колку се задоволни од нејзините услуги
Управата за јавни приходи објавува прашалник за мерење на задоволството на корисниците на услуги на УЈП.
„Со цел подобрување на квалитетот на услугите на УЈП, пополнете го Прашалникот за мерење на задоволството на корисниците на услуги на УЈП (2018) https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfFr37oRF_0XCoPIQsHx0xnX-MDgGlIs1ZG6VPzdkpRoHcO0w/viewform?hl=en. Пополнувањето на прашалникот нема да ви одземе повеќе од 2 минути. Истражувањето е во целост анонимно. Прашањата означени со (*) се задолжителни. По пополнувањето на прашалникот притиснете на копчето „Submit“ на крајот од документот и Вашите одговори ќе бидат автоматски испратени“, соопштуваат од УЈП.