/ Прочитано:

1.911

УЈП и Министерството за финансии ќе ја разгледуваат можноста за измени на Законот за даночна постапка во делот за Е-aукции и огласите

Владата на РМ ја разгледа информацијата на Управата за јавни приходи за прогрес во реализација на проектот „Е-aукции – продажба на запленета стока за наплата на даночни долгови во првото полугодие на 2017 година“.

„Во таа насока, Владата ги задолжи УЈП и Министерството за финансии да ја разгледаат можноста од соодветно изменување на Законот за даночна постапка во делот за Е-aукции, така што огласите наместо да се објавуваат во две јавни гласила, да се објавуваат на веб-страницата на УЈП заради поголема ефикасност во намалување на фискалните импликации. Владата предложи УЈП да ја разгледа можноста, наместо на две недели, аукциите да бидат организирани еднаш месечно“, информираат од Владата на Република Македонија.

M.В