УЈП: Ја гарантираме безбедноста на апликацијата МојДДВ
„Во врска со одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата МојДДВ , Управата за јавни приходи известува дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ.
Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-пошта и број на трансакциска сметка, се сигурни и заштитени од каква било злоупотреба.
Имено, апликацијата МојДДВ граѓаните ја преземаат од Google play store, којшто е сервис на мултинационалната компанија Google, којашто има строги критериуми од безбедносен аспект, како за самата компанија така и за корисниците на сервисот.
При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата.
При употреба на апликацијата, потребно е корисниците да се најават на системот на УЈП и се користи постојното корисничко име и лозинка. Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП.
Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа.
Оттука Управата за јавни приходи ги уверува граѓаните дека нивните податоци се максимално заштитени и без да стравуваат да ја преземат апликацијата којашто е поставена и на веб-страницата на Управата за јавни приходи“, соопштуваат од УЈП.
УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки
Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица
Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура
Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните
Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата
М.В