/ Прочитано:

1.129

УЈП ја објави анализата за годишните даночни пријави: Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер

На денешната прес конференција за Годишната даночна пријава – највисок доход во 2020, Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска соопшти дека Управата за јавни Приходи за календарската 2020 година изготви и достави пополнета Годишна даночна пријава, за 769794 граѓани.

Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469,00 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073,00 денари.

Годишните даночни пријави се изготвени врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од страна на исплатувачите, од пресметките во кои граѓаните пријавиле дека оствариле доходот од други физички лица и од странство, врз основа на податоците од годишниот даночен биланс како и паушално утврдениот нето доход од вршење самостојна дејност.

Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105.200.322,00денари.
Највисоката капитална добивка 151.630.289,00 денари остварена е од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда е во износ од 306.304.450,00 денари и исплатена е на граѓанин на Скопје кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите на трговија со
автомобили и моторни возила.
Скопјанка пријавила 449.603.146,00 денари, а  граѓанин  од Тетово пријавил доход во износ од 247.711.973,00 денари. Пријавениот доход кај двете највисоко рангирани лица е доход кој не е конкретно опишан во Законот за данок на личен доход како што е доход од интернет услуги, мрежни и социјални платформи, посреднички услуги и слично.
Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија која изнесува 5.811.143,00 денари
Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно граѓанин од Тетово пријавен вкупен бруто доход од игри на среќа во износ 40.056.068,00 денари.
Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2020 година и истото остварило доход 1.016.947,00 денари, а највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 96 години со вкупен доход од 4.570.535,00 денари. И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина.

Анализата може да се преземе не следниот линк .

М.В