УЈП ја објави Листата на должници за долгови достасани до 31.5.2016 и неплатени до 31.8.2016 година
Македонската радио-телевизија, Македонски шуми, комунални претпријатија од неколку градови се повторно на Листата на должници на УЈП.
Повеќе од 4 000 физички лица и правни субјекти се наоѓаат на последната Листа на должници која ја објавува Управата за јавни приходи. Листата на должници се однесува за долгови достасани до 31.5.2016 и неплатени до 31.8.2016 година.
Македонската радио-телевизија, Македонски шуми, комунални претпријатија од неколку градови се повторно на Листата на должници на УЈП.
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
– повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
– повисок од 300 000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку не се согласува со објавените податоци, даночниот обврзник треба да се обрати до:
– надлежната Регионална дирекција на УЈП за долговите објавени врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
– до Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) за долговите објавени врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На следниот линк можете да ја погледнете целосната Листа на должници.