/ Прочитано:

1.192

УЈП ја објави најновата листа на должници бр.5/2017

На листата се наоѓаат 4417 должници, а во горниот дел како должници се јавуваат: „Отекс“ АД Охрид,  ЈП „Македонија пат“ ЦО Скопје, ЦО „Комуналец“ ЈП за комунални дејности Гостивар, Јавно комунално претпријатие ЦО Тетово и други правни и физички лица.

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници бр.5/2017 за долгови доспеани до 31.1.2017 и неплатени до 30.4.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правни лица.

На листата се наоѓаат 4417 должници, а во горниот дел како должници се јавуваат: „Отекс“ АД Охрид,  ЈП „Македонија пат“ ЦО Скопје, ЦО „Комуналец“ ЈП за комунални дејности Гостивар, Јавно комунално претпријатие ЦО Тетово и други правни и физички лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб- страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.