УЈП ја објави најновата листа на должници
На листата се наоѓаат повеќе од 4 500 должници, меѓу кои јавни претпријатија, акционерски друштва, ДОО, ДООЕЛ и други правни и физички лица. Во горниот дел од најновата листа на должници се наоѓаат „ОТЕКС“ АД Охрид, ЈП за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар, Јавното комунално претпријатие од Тетово, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“ од Прилеп и други.
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 2/2017 за долгови достасани до 31.10.2016 и неплатени до 31.1.2017 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000,00 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
- повисок од 300.000,00 денари за правните лица.
На листата се наоѓаат повеќе од 4 500 должници, меѓу кои јавни претпријатија, акционерски друштва, ДОО, ДООЕЛ и други правни и физички лица.
Во горниот дел од најновата листа на должници се наоѓаат „ОТЕКС“ АД Охрид, ЈП за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар, Јавното комунално претпријатие од Тетово, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“ од Прилеп и други.
Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.
Даночниот обврзник доколку не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:
– надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување и
– до Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.