УЈП ја објави новата листа на должници
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2021 за долгови доспеани до 31.05.2021 и неплатени до 31.08.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.