/ Прочитано:

725

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2022 за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата е објавена на следниот линк.