/ Прочитано:

997

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 04/2019 за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.3.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  • повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  • повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

М.В