/ Прочитано:

1.042

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 01/2020 за долгови доспеани до 30.9.2019 и неплатени до 31.12.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.