/ Прочитано:

395

УЈП: Корисниците на апликацијата Мој ДДВ со трансакциска сметка од Oхридска банка да извршат ажурирање

„Поради статусните промени во Охридска Банка АД Скопје односно нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, нејзините корисници добија нови трансакциски сметки. Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје истата да ја заменат со новата трансакциска сметка.

Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 г, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците. Ажурирањето се врши во самата апликација МојДДВ. Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај. Заради зачувување на измените по извршеното ажурирање ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ“, соопштуваат од УЈП.