/Прочитано:

1.244

УЈП: Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход

Од 1 јануари 2019 година започнува да се применува Законот за данок на личен доход објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 241/18 од 26.12.2018 година. Со овој закон се уредуваат оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.

ВИДОВИ ДОХОД

Со Законот за данок на личен доход извршена е поделба на доходот на следните видови доход остварени во земјата и во странство:

доход од работа;

доход од самостојна дејност;

доход од авторски и сродни права;

доход од продажба на сопствени земјоделски производи;

доход од права од индустриска сопственост;

доход од закуп и подзакуп;

доход од капитал;

капитални добивки;

добивки од игри на среќа;

доход од осигурување и

друг доход.

Целосното соопштение на УЈП може се погледне на следниот линк.

Законот за данокот на личен доход објавен на Академика

М.В