/ Прочитано:

9.881

УЈП објави брошура за месечна пресметка за интегрирана наплата

Брошурата е практичен водич наменет пред се за обврзниците за пресметка и уплата на социјалните придонеси и сметководителите.

ujp1_620_350.jpg

Управата за јавни приходи објави брошура во која е објаснет концептот на бруто-плата и системот на интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок на плата.

Брошурата е практичен водич наменет пред се за обврзниците за пресметка и уплата на социјалните придонеси и сметководителите во која ќе можете да најдете корисни совети за:

  • Кој е обврзник за пресметка, уплата и за плаќање на придонеси и ПДД?
  • Стапки и основица за пресметување на придонеси и ПДД
  • Предуслови, начини и рокови за поднесување и плаќање по МПИН пресметки
  • Начин на пополнување на МПИН пресметка и специфичности при изготвување на пресметките за плата
  • Постапка за исправка на неточни податоци
  • Поврат на повеќе или погрешно уплатени придонеси и ПДД
  • Рефундирање на средства за уплатени придонеси за инвалидни лица и заштитни друштва
  • Интерактивни упатства