/ Прочитано:

808

УЈП објави нова листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 09/2018 за долгови доспеани до 31.5.2018 и неплатени до 31.8.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници може да се погледне на следниот линк.