/ Прочитано:

2.602

УЈП: Од октомври нема да доставуваме решенија за радиодифузна такса

„Во согласност со Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (‘Службен весник на РМ‘, бр.132 од 20.9.2017 година), со кој се укинува радиодифузната такса, ја информираме јавноста дека со доставата на решенијата за месец септември 2017 година, Управата за јавни приходи ќе прекине со достава на решенија за утврдување на оваа јавна давачка. Граѓаните и фирмите (обврзниците за РДТ) имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по решенија за РДТ за периодот јануари 2011 година, заклучно со септември 2017 година.За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картички, кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб-страницата на УЈП“, се вели во соопштението на УЈП.