/ Прочитано:

2.282

УЈП: Поднесување годишна даночна пријава до 15 март

Задолжително поднесете Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), доколку во 2017 година сте оствариле приходи во земјата и од странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос; кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права и права од индустриска сопственост; дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица; капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари (по поединечна добивка); приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет-страници; приходи од интернет (пр. е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страници, поставување на реклами на сопствени интернет-страници, прогнози – дојави на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација…; и други дополнителни видови на приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.

Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП), додаваат од УЈП,  преземете ја преку веб-страницата ujp.gov.mk и поднесете ја во даночните шалтери, преку пошта или електронски преку etax-fl.ujp.gov.mk.

М.В