/ Прочитано:

657

УЈП: Поставена е опцијата за откажување на донацијата на апликацијата „МОЈДДВ“

„Управата за јавни приходи известува дека на апликацијата МојДДВ е поставена опцијата за откажување на донација. Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија на апликацијата МојДДВ. Полето ,,Откажи Донација,, се појавува само кај оние корисници на апликацијата МојДДВ кои го донирале својот поврат за периодот јан-март 2020 за справување со COVID-19.

Оваа опција ќе биде достапна на апликацијата МојДДВ до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година“, соопштуваат од УЈП.