/ Прочитано:

1.221

УЈП: Повеќе од 4 500 должници на последната листа

На новообјавената листа се наоѓаат повеќе од 4 500 фирми, јавни претпријатија и физички лица. Во горниот дел од Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија”, ТВ и радио „КИСС” од Тетово, АД „Винарска визба Повардарие” – Неготино, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, ЈП „Македонска радиодифузија – Скопје”, „ЕМО” АД Охрид итн.

????????????????????????????????????

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 10/2016 за долгови достасани до 30.6.2016 и неплатени до 30.9.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
  2. повисок од 300 000 денари за правните лица.

На новообјавената листа се наоѓаат повеќе од 4 500 фирми, јавни претпријатија и физички лица. Во горниот дел од Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија”, ТВ и радио „КИСС” од Тетово, АД „Винарска визба Повардарие” – Неготино, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, ЈП „Македонска радиодифузија – Скопје”, „ЕМО” АД Охрид итн.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • до Царинската управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.