/ Прочитано:

805

УЈП: Продолжување на рокот за повластена даночна стапка за прв промет на станови и станбени згради

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 198 од 31.10.2018 година, пропишано е продолжување на рокот за примена на повластена даночна стапка од 5% за секој извршен прв промет на станови и станбени згради кои се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата.

Повластената даночна стапка од 5% на првиот промет на станови и станбени згради ќе се применува до 31.12.2023 година“, се вели во соопштението на УЈП.