/ Прочитано:

1.456

УЈП со дополнителни шалтери за поднесување годишна даночна пријава

Со цел доближување на услугите до даночните обврзници и избегнување на метежите, покрај шалтерите лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје (ул. 11 Октомври број 27 / спроти Даре Џамбаз), Управата за јавни приходи отвори и дополнителни шалтери за поднесување на годишната даночна пријава лоцирани:

  • на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
  • во Општина Ѓорче Петров во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица);
  • во Општина Бутел во општинската зграда;
  • во Општина Гази Баба во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и
  • во Општина Аеродром во општинската зграда на втори кат.

На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, пополнетата годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21) можат да ја поднесат на повеќе локации, вклучувајќи го и Даночниот шалтер Чаир, како и во мобилните даночни шалтери на УЈП (види http://kontaktcentar.ujp.gov.mk).

Прием на годишните даночни пријави во горенаведените општини ќе се врши од 26.2.2018 година до 15.3.2018 година, во период од:

  • 7:00 до 21:30 часот во Регионална дирекција Скопје;
  • 7:00 до 21:30 часот на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
  • 8:30 до 16:30 часот во Даночниот шалтер Чаир;
  • 8:00 до 16:00 часот во општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел и
  • 8:00 до 18:00 часот (во две смени) во Општина Аеродром.

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфоцентарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.