/ Прочитано:

1.476

УЈП со известување за ДДВ-обврзниците

„Во текот на месец април, покрај поднесувањето на аконтативните пријави за ДДВ за месечни и тримесечни ДДВ-обврзници, се одвиваат активности за поставување на претпополнета годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2018 година на корисничките профили на даночните обврзници (физички лица). Од овие причини можно е отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци. За таа цел апелираме до сите месечни и тримесечни ДДВ-обврзници да ја поднесат пријавата за данокот на додадена вредност пред крајниот рок за поднесување 25.4.2019 година“, се вели во соопштението на Управата.