/Прочитано:

1.511

УЈП: Утре е последен ден за поднесување на Годишната даночна пријава за персоналниот данок на доход

Утре, 15 март, е последен ден за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход (образец ПДД-ГДП) и за пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.
Според последните податоци, поднесени се вкупно 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Потсетуваме дека пријавите, освен на даночните шалтери, можат да се поднесат и преку пошта, како и преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk за регистрираните корисници на електронските даночни услуги.

Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на годишни даночни пријави во Центар, како и во општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром (за повеќе информации види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/629) и мобилниот даночен шалтер во Драчево кој на 15 март ќе биде стациониран пред месната заедница во периодот од 10:00 до 14:00 часот (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/363).