/ Прочитано:

794

УЈП за барањето за финансиска поддршка за исплата на платите

„Врз основа на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на РСМ“, бр. 85/2021), за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/3) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци најдоцна до 30-ти Април 2021, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година (образец БФП-ИП/3) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување“, се наведува во соопштението на УЈП.