/ Прочитано:

5.733

УЈП: За МојДДВ ќе им излеземе во пресрет на повозрасните лица и на граѓаните од социјално ранливите категории

Апликацијата МојДДВ преку која граѓаните ќе можат да ги скенираат фискалните сметки е достапна за преземање преку ‘google play store’ веб-страницата на Управата за јавни приходи каде што е поставен линк којшто нуди опција за преземање, соопштуваат од УЈП.

„Очекуваме во наредните денови апликацијата МојДДВ да биде достапна и на на ‘apple store’ за корисниците на оперативниот систем iОs.
Условите коишто граѓаните треба да ги исполнат за враќање на дел од платениот ДДВ се: да имаат навршени 15 години, да поседуваат документ за идентификација и своја трансакциска сметка и да се регистрирани на системот на УЈП е-Персонален данок. За најава во апликацијата МојДДВ граѓаните ќе ја користат истата е-пошта и лозинка од корисничкиот профил на е-ПДД.
За сите граѓани кои ќе имаат потреба од поддршка во целиот процес, како што се повозрасните лица и граѓаните од социјално ранливите категории, Управата за јавни приходи е целосно подготвена да им излезе во пресрет.

На 36 места, во организационите единици на УЈП на територијата на цела Република Северна Македонија, поставени се киоск-апарати, читачи на баркод и паметни мобилни телефони преку коишто Управата за јавни приходи ќе им овозможи на граѓаните да ги скенираат фискалните сметки.
Фискалните сметки со износ над 30 000 денари, како и невалидните фискални сметки, односно компјутерските, апликацијата МојДДВ нема да ги прифати.“

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В