/ Прочитано:

1.402

УЈП за Уредбата за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска во Медиа центарот на Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција посветена на Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, како и Уредбата со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

Во продолжение интегралното обраќање на директорката на УЈП, Сања Лукаревска:

„Изминатиов период сите заедно живееме тешко време, соочени со последиците предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот.

Во овој момент најважна е помошта од државата со којашто ќе им се помогне на сите кои се директно погодени од оваа криза. На секоја компанија, на секој работник, на секој човек.

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, како и Уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други обврзници, кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.

За да го користат ова право обврзниците треба да ги исполнуваат следните услови:

Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на уредбата со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и
Да не го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Обврзниците од останатите дејности правото од ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка може да го остварат доколку исполнуваат и еден од следните услови:

Вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или
Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките, да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или
Даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

Даночните обврзници, го остваруваат ова право со електронско поднесување на образец Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка (образец ДД-ОМА) преку системот e-Даноци на УЈП. Досега во УЈП се поднесени и прифатени вкупно 370 барања.

Ослободувањето од плаќање на данокот на личен доход се однесува на обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност, а имаат претрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за справување со КОВИД-19.

Обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт не треба го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на важноста на уредбата, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен.

Обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење, треба да исполнат еден од следните услови:

–        вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или

–        бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките за КОВИД-19 да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или

–        даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За користење на ослободувањето самовработените лица поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец ДЛД-ОМА) преку системот е-персонален данок на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи овозможи автоматска обработка на поднесените Барања при што обврзникот добива повратна порака за статусот на Барањето.

Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно (март, април и мај 2020) така што обврзниците не треба да поднесуваат барање за секоја аконтација посебно. Доколку обврзникот добие порака дека Барањето е комплетно и е прифатено, автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за месеците март, април и мај 2020 година.

Доколку обврзникот има поднесено комплетно и прифатено барање сите наредно поднесени барања ќе добијат статус на отфрлени.

Доколку обврзникот направил грешка при пополнување, поради што барањето е отфрлено, истиот треба да поднесе ново барање.

Почитувани,

УЈП ве повикува и охрабрува самовработените лица и сите кои ги исполнувате условите од овие Уредби, да поднесете Барања до Управата за јавни приходи и да ја искористите оваа поддршка.

Единствената цел на овие мерки е помош и поддршка да се преброди полесно овој тежок период.

Во борбата со којашто сме соочени сите, не сте сами. Управата за јавни приходи како институција којашто гради и остварува партнерски однос со компаниите се обврзува на ефикасност и целосна услужност во реализацијата на овие мерки кои значат поддршка за секоја компанија којашто ги трпи последиците од корона кризата.“

Владата на претседателот на државата ќе му достави извештај со нов предлог за вонредна состојба

Забрана за движење на сите граѓани од 16:00 часот во петок до 5:00 часот во вторник

Работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа за да можат да користат парична помош во случај на невработеност

Седница на КОМП: Намален понудениот износ на благајнички записи

Народната банка: Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно

Информација за постапките за издавање дозволи за движење за граѓани и вработени во услови на ограничено движење

Уредба за примена на Законот за здравственото осигурување за време на вонредна состојба

Уредба за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза

Уредба за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

Владата објави дополнителни објаснувања за новите рестрикции

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работниот однос

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Објавена централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Министерството за финансии со повеќе сценарија за коронакризата

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни

Нов пакет економски мерки за справување со кризата

Усвоена уредба за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба

Нови одлуки за заштита од коронавирусот

Спроведени 7633 инспекциски надзори

Апелациониот суд: Се одложуваат јавните седници и расправи

Народната банка: Денарот е и ќе остане стабилен

Сите документи потребни за аплицирање за бескаматните кредити на Развојната банка се достапни по електронски пат

Известувања од судови и од други институции

Хрватската адвокатска комора со Предлог-закон за интервентни мерки во областа на судските и управните постапки

Нова уредба: Банките и штедилниците ќе можат да им понудат на граѓаните и на фирмите одложување на исплатата на ратите

Нови одлуки за заштита од коронавирусот: забрани и уредби

Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот

Новите одлуки во врска со заштитата од коронавирусот

Уредба за запирање на примената на Законот за извршување

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди за родителите ослободени од работа

За четири дена спроведени над 11 илјади инспекциски надзори

Начин на предвремено плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2020 година

Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот

Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час

Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот

Воведен полициски час

МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки

Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити

ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат

Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот

Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост

Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити

Филипче: Што значи вонредна состојба?

При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети

Владата: Вонредна состојба веднаш

Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите

Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните

МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В