/ Прочитано:

5.093

Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците објавен со фуснота на местото за потпис на Иванов

Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците е објавен со фуснота на местото за потпис на претседателот Иванов. Во фуснотата е наведено од кои причини Указот е објавен без потребниот потпис на претседателот на Република Македонија.

„Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците се објавува без потпис на  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов од следниве причини:

– Секој е должен да ги почитува Уставот и Законите (Член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија)

– Претседателот на Републиката е должен да го потпише указот за прогласување на законите ако истите повторно се усвоени со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (член 75, став 3 од Уставот на Република Македонија). Законот за употреба на Јазиците е повторно усвоен со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници на 32-та седница на Собранието на Република Македонија на ден 14.03.2018 година.

– Поради неизвршување на горенаведените обврски од страна на Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов, а поради обврската од член 52 од Уставот на Република Македонија, Претседателот на Собранието е должен да го достави Законот за употреба на јазиците, до Службен весник на Република Македонија за негово објавување.“

Инаку, претходно, во врска со Законот за употреба на јазиците, Иванов рече дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на указ за прогласување на неправеден и репресивен закон.

Кон крајот на месец октомври 2018 година Обвинителството соопшти дека постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов, кои се однесуваат на непотпишувањето на Законот за јазиците и на Договорот од Преспа.

Од најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ, реагираа за официјалното објавување на Законот за употреба на јазиците без потпис од претседателот Иванов.

„Го предупредуваме директорот на Службен, Мартин Костовски, дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува. Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони“, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Во членот 75 од Уставот на РМ се пропишува дека законите се прогласуваат со указ. Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.

ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите

Годишно обраќање на претседателот Иванов

Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов

Претседателот на Собранието нема да го потпише Законот за употреба на јазиците наместо претседателот на Републиката

Што предвидува Законот за употреба на јазиците за постапките пред судовите, обвинителствата, извршителите и нотарите

ИВАНОВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон

Постапката по непотпишување на указот и укажувањата на претседателот на РМ во врска со Законот за употреба на јазиците

Уставните и законските одредби за прогласувањето на законите и потпишувањето и објавувањето на актите

Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија

Законот за употреба на јазиците, за кој се поднесени рекорден број амандмани, повторно пред пратениците

М.В