/ Прочитано:

2.652

УКИМ го одбележува 68-годишниот јубилеј

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ започна со одбележувањето на 68-годишнината од основањето на Универзитетот и Денот на светите Кирил и Методиј, кој е и патрон ден на Универзитетот.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е автономен, научен, високо­образовен универзи­тет, кој обез­­­­бе­­­дува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите.

„Универзитетот е посветен на негувањето и на интерна­ционалната афирма­ција на традиционалните обележја и вредности на маке­дон­скиот народ (македонскиот јазик, историјата, литера­ту­ра­та и култура­та) и истовремено, на негувањето на култур­ните вредности на другите етнички заедници во РМ“, велат од УКИМ.

Универзитетот, нагласуваат од УКИМ, е отворен за сите студенти врз основа на ед­нак­вост и резултати, без разлика на нивното идео­лошко, политич­ко, етничко, културно и социјално потекло и како универзитет се залага за доживотно и континуирано об­ра­зо­­вание.

По повод јубилејот на УКИМ, денеска во Универзитетскиот кампус во Скопје се одржа молебен посветен на светите браќа Кирил и Методиј, со кој ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, како и научна деба на тема „Импакт-фактор:да или не?“.

Научната дебата ја отвори ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски кој го нагласи значењето на македонската наука за образованието и општеството, но и научните предизвици на универзитетскиот кадар во контекст на нивните истражувања на домашен и меѓународен план.

Во таа насока, Јанкуловски истакна дека прашањето за импакт-факторот е актуелно прашање за кое е потребна дебата од научната фела, што е и целта на денешната научна дебата.

Проректорот на УКИМ, Владимир Петрушевски, на денешниот настан подвлече дека научната дебата нема за цел да го анализира прашањето од законски и нормативен аспект, туку да го анализира прашањето за импакт-факторот во науката низ научната призма и гледиштето на универзитетските професори и нивните искуства во однос на тоа прашање.

Импакт-факторот во современата наука, беше истакнато на настанот, има огромно значење на глобално ниво, за што говори бројката на растечкиот број списанија со импакт-фактор. Цитираноста на авторите на глобален план не само што е промоција на домашната наука туку има исклучително значење за индивидуалниот развој на професорите и соработниците на факултетите.

Оттука, беше подвлечено на настанот, заклучоците од научната дебата ќе имаат значаен придонес во поглед на прашањето за импакт-факторот и состојбите и предизвиците на македонската наука во таа смисла, бидејќи УКИМ е определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејству­вање.

M.В