Укината забраната за продажба на книгата на Стојан Андов
Апелациониот суд Скопје ја укина забраната за продажба на книгата „До атентатот и по него“, чиј автор е Стојан Андов, поранешниот претседател на Собранието. Апелациониот суд ја прифатил жалбата на адвокатот на Андов, Звонко Давидовиќ, според кого решението на првостепениот суд да ја забрани книгата претставува прејудицирање на пресудата.
Во предметот пред Основниот суд Скопје II Скопје, Андов е тужен од страна на професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски затоа што книгата изобилувала со содржина преполна со „клеветнички факти“, а кои се поврзани со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров.
М.В