/ Прочитано:

1.871

Укинати одредби од Статутот на Адвокатската комора во врска со приемот во Комората

Уставниот суд  го укина членот 66 став 2 алинеја 6 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

Членот 66 од Статутот на Адвокатската комора се однесува на барањето за прием во Комората, и тој гласеше:

Барањето за прием се доставува до Комисијата за прием.

Кон барањето за прием се приложуваат:

– кратка биографија

– универзитетска  диплома  за  дипломиран  правник  во  Република Северна Македонија со завршено четиригодишно високо образование на правни студии и стекнат VII/1 степен на образование или стекнати 300 кредити според Европскиот кредит-трансфер систем.

– доказ за положен правосуден испит

– уверение за државјанство

– уверение дека не е одземена деловна способност

– доказ за невработеност

 

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Статутот на Адвокатската комора и укина одредби од Законот за извршување

М.В