/Прочитано:

309

Укинати противуставни одредби од Изборниот законик

На иницијатива на Бојан Лалиќ, адвокат од Скопје, Уставниот суд го укина членот 78-а ставовите 3, 5, 6 и 7 од Изборниот законик.

„Во врска со член 78-а ставови 3, 5, 6 и 7 од Изборниот законик, подносителот на иницијативата наведува дека тие одредби биле особено проблематични од аспект на уставно загарантираните политички слободи и права со оглед дека само политичките партии и коалициите на политичките партии имале право на закуп на рекламни паноа и билборди во сооднос предвиден во ставот 3 и според распоред утврден на начин пропишан со ставови 5, 6 и 7, а (1) тоа право го немале независните кандидати кои исто така можеле да бидат кандидирани од група на избирачи за функција претседател, пратеник, градоначалник или член на совет на општина, потоа (2) независните кандидати немале право да ги закупат ниту рекламните паноа и билборди на локациите кои не се закупени од политичките партии и нивните коалиции, како и (3) немале право да закупат рекламни паноа и билборди надвор од 50%-те рекламни тела наменети за политичко рекламирање, со што ваквите ограничувања од член 78-а ставови 3, 5, 6 и 7 од Изборниот законик биле во директна спротивност со член 9 став 2 од Уставот (еднаквоста пред законите) и со член 16 став 3 од Уставот (слобода на примање и пренесување на информации)“, образложуваат од Судот.

„Со оглед на тоа дека, во конкретниот случај, член 78-а ставови 3, 5, 6 и 7 од Изборниот законик определува право на закуп на рекламни паноа и билборди само на политички партии (на власт, во опозиција, во или вон Собранието на Република Македонија и тоа во различен меѓусебен сооднос – став 3) или право на закуп на политичките партии и нивните коалиции доколку не бидат закупени сите 50% на рекламни паноа и билборди наменети за политичко рекламирање (став 7), како и што распределбата на рекламните паноа и билборди според локациите на кои се наоѓаат се врши според законски утврдениот сооднос и со ждребка само меѓу политичките партии и нивните коалиции (ставови 5 и 6), а независните кандидати поддржани од група избирачи се исклучени од тоа право на закуп иако според Изборниот законик и тие имаат право да учествуваат во изборната кампања, Судот утврди дека наведените одредби од Изборниот законик не се во согласност со изнесените уставни одредби, поради што Судот одлучи да го укине член 78-а ставови 3, 5, 6 и 7 од Изборниот законик“, се наведува во одлуката на Уставниот суд.

На иницијатива на адвокат, Уставниот суд поведе постапка за одредби од Изборниот законик

М.В