/ Прочитано:

1.173

Укинати решенијата на судијата на претходна постапка за предметот „Тврдина“

„Жалбата на СЈО за лицето Г. Г. кое е опфатено во предметот „Тврдина“ се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14.6.2016 година со кое предлогот за определување на мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен. Денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка“, велат од Кривичниот суд.

????????????????????????????????????

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги укинал двете решенија на судијката Александра Поп-Стефанија која одлучуваше по предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерка притвор за Горан Грујевски и мерки за претпазливост за уште четворица осомничени во предметот „Тврдина“.

„Жалбата на СЈО за лицето Г. Г. кое е опфатено во предметот „Тврдина“ се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14.6.2016 година со кое предлогот за определување на мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен. Денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка“, велат од Кривичниот суд.

По однос на жалбите на СЈО за осомничените лица Т. Ј., Г. Ј., Н. Б. и В. С., исто така опфатени во предметот „Тврдина“, Кривичниот совет донел решение со кое жалбите се уважуваат, а решението на судијата на претходна постапка од 14.6.2016 година со кое беше отфрлен предлогот на СЈО за определување на мерки на претпазливост, се укинува и се враќа на повторно одлучување

Против овие решенија не се дозволени жалби, наведуваат од Судот.

Во одлуката за отфрлање на предлогот на СЈО судијката ја оспори надлежноста на ова обвинителство да постапува по предметот за уништувањето на опремата на прислушување.