Укинување на процедурата за вадење различни документи и изводи – дел од планот за борба против корупцијата
Владата ги разгледа Планот и мерките за борба против корупција. Планот за борба против корупцијата, информираат од Владата, е подготвен врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и во согласност со укажувањата на релевантните домашни и странски извештаи и содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата, како продолжение на антикоруптивните политики што ги зацрта Владата со почетокот на актуелниот мандат.
„Со овој план се зајакнуваат капацитетите и се воспоставува синхронизиран систем за ефикасна функционалност на институциите во првите редови против корупцијата, за враќање на довербата во нив и за општество ослободено од корупција“, посочуваат од Владата.
Планот за борба против корупцијата е составен од 15 точки:
Дигитализација на јавното обвинителство; дигитализација на матичните книги и укинување на процедурата за вадење различни документи и изводи; брзи резултати за решавањето на случаи со корупција; воведување на електронски систем за инспекција – е-инспектор; воведување централна база за лиценци и дозволи; измени на Законот за јавните набавки; примена на конфискацијата на имот; измени на прописите за вработување административни службеници и доследно почитување на етичкиот кодекс од нивна страна; кратење на бројот на членови во управни и надзорни одбори; секоја институција да мора да назначи овластено лице за прием на пријави од укажувачи; измени на Законот за користење на стварите во државна сопственост; систем за следење на предмети и претставки; измени на Законот за спречување на корупцијата; сите институции да мора да подготват антикорупциска програма и зајакнување на меѓуинституционалната соработка.
Ќе се ажурираат податоците за сите кривични пријави за случаи на корупција
ТИ: Оваа година Македонија најниско рангирана на Индексот за перцепција на корупцијата
М.В