/ Прочитано:

1.441

Украден сеф со 600 илјади денари во спортска обложувалница во Тетово

Понеделник, 18 март 2013 – Од спортска обложувалница во Тетово украден е сеф тежок цели 200 килограми во кој имало околу 600 илјади денари. Тешката кражба, информираат од МВР, се случила околу еден часот по полноќ, кога насилно е искршен катанец од влезната врата, по што е одземена метална каса марка „ЕМО“ со тежина од околу 200 килограми, а во која имало околу 600 илјади денари. Полицијата трага по сторителот.