Уморен од бегање, еден од водечките шефови на италијанската мафија и се предаде на полицијата
Четврток, 16 мај 2013 – По три години криење и бегање, еден од водечките шефови на италијанската мафија се предаде вчера , соопшти италијанската полиција.
Џузепе Пеше (33), лидерот на озлогласен клан од составот на калабриската мафија Ндрангета, им изјавил на своите адвокати дека е уморен од бегање.
По тоа во придружба тој е одведен во затвор со максимално обезбедување.
Претходно овој месец заврши судењето против 42 припадници на неговиот клан, од кои некои добија казни до 28 години затвор.
Џузепе Пеше во отуство е осуден на 16 години затвор.