/ Прочитано:

1.483

УО на Здружението на судии: Судскиот совет да ги почитува законските норми при изборот и унапредувањето на судиите

„Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, на седницата одржана на 20.12.2017 година, расправаше за актуелните состојби во судството со акцент на последниот избор на судии и претседатели на судови, како и за последните постапки поведени од страна на Советот за утврдување на факти против судиите“, информираат од Здружението на судии.

Во однос на изборот и унапредувањето на судиите, Управниот одбор го повика Судскиот совет на РМ да ги почитува законските норми и воспоставените принципи при изборот и унапредувањето на судиите и да ги образложи донесените одлуки со цел поголема транспарентност во работењето на Советот.

„Управниот одбор не навлегува во надлежностите на Советот за утврдување на факти, но го повикува да ги почитува процедурите при работењето и да ја запази пресумпцијата на невиност при постапувањето и при комуникацијата со јавноста“, истакнуваат од Здружението на судии.

М.В