/ Прочитано:

776

Упасен ексдиректор на битолската пошта

Петок, 14 јуни 2013 – Поранешниот директор на битолската подружница на Македонски пошти синоќа е повикан на распит, а потоа и задржан е од страна на полицијата заради истрага дали во неговото работење имало злоупотреба на службената положба, информираат од СВР Битола. 

Од СВР Битола информираат дека полицијата се уште се работи на случајот, односно дека распитот е во тек, но засега официјално  истрагата не се поврзува со грабежот на сефот во март годинава.

Инаку, битолската подружница на Македонски пошти и претходно беше под лупа на полицијата поради грабеж и проневера.  Во март разбојници ја обија поштата и ставајќи лажен катанец за камуфлажа непречено од задната врата го изнесоа сефот со 2 милиони денари. По ова, следеше притвор за главниот благајник и за еден од контролорите на македонски пошти во битолската подружница, под сомнение  за злоупотреба на службената положба и овластување односно за проневера на околу 1. 735. 000 денари. Проневерата се случила во текот на 2012-та година. Контролорот забележал кусок во касата и наместо тоа да го констатира во записник, го уценувал благајникот, кој пак од касата му исплатил 802.500 денари и уште 150.000 денари по основ на чекови.