/ Прочитано:

2.162

Упатствотото за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во МВР пред Уставниот суд

Упатствотото за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи е оспорено пред Уставниот суд и ќе биде разгледувано на утрешната седница на судот.

Со оспореното упатство се пропишува начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи. Целта на ова упатство, се пропишува во неговите одредби е запознавање на работниците на Министерството со правилата при користење на социјалните мрежи и тоа од аспект дека:

  • секое објавување на содржината на социјалните мрежи е како јавно публикување во медиумите и
  • еднаш објавената содржина не се брише туку секогаш останува јавно
    достапна на интернет

„Забрането е работникот да ги користи социјалните мрежи за приватни цели во текот на рабoтното време.
Одделот за информатика и телекомуникации технички го ограничува користењето на социјалните мрежи од службените компјутери. Врз основа на укажаната потреба, министерот за внатрешни работи може да одобри на работник користење на одреден тип на социјална мрежа во текот на работното време, врз основа на поднесено барање од страна на
раководителот на организациската единица, каде работи работникот“, се пропишува во упатството.

Работникот при користење на социјалните мрежи, се вели понатаму во упатството, потребно е да ги почитува и применува следните правила:

– во случај кога на сопствениот профил на социјалната мрежа се преставува дека е работник во Министерството, јасно да наглaси дека одредени информации, размислувања, ставови и слично се лично негови, а не на Министерството односно да нагласи дека „Изнесените ставови и размислувања се исклучиво мои и не претставуваат службен став на Министерството за внатрешни работи;

– да ги почитува другите физички лица во комуникацијата;

– да не навредува никогo на национална, верска,полова основа или
сексуална ориентација

– да не изнесува ставови со кои се врши дискриминација врз основа на пол, раса, боја на кожа, јазик, државјанство, верско убедување, социјално потекло, здравствена состојба и други основи предвидени со закон;

– да не објавува материјали со порнографска содржина ;

– да не објавува материјали што прикажуваат незаконски активности;

– да не објавува фотографии или видеа во униформа, со оружје, маскиран, со полициски значки, службени возила или други обележја кои директно или индиректно имплицираат дека е работник во Министерството;

– да не објавува фотографии од службените простории (кацеларии и слично) на Министерството или фотографии од извршени оперативни задачи;

– да не ја објавува и користи службената маил адреса (xxx.xxxx@moi.gov.mk), за приватни цели;

– да не објавува информации со степен на класифицираност;

– да не објавува интерни прописи на Министерството и

– да не објавува лични податоци на други вработени во Министерството
или други физички лица.

М.В