/Прочитано:

2.337

Уписи на државните универзитети

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година. Конкурсот за уписите на УКИМ може да се преземе на следниот линк.

Исто така, и уписите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се на 29 и 30 август. Конкурсот за уписите на УКЛО може да се преземе на следниот линк.

Уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе траат до 2 септември. Конкурсот за уписите на овој универзитет може да се преземе на следниот линк.

Првиот уписен рок на Државниот универзитетот во Тетотво трае до 30.08.2019. Конкурсот може да се преземе на следниот линк.

М.В