/ Прочитано:

1.992

Употреба на голема почетна буква во називите на институциите

Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле.

Со голема почетна буква се пишува првиот збор во називот на институцијата, а од другите зборови само тие што претставуваат сопствени имиња.

Правилно
Министерство за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија
Погрешно
Министерство за Информатичко Општество и Администрација на Република Северна Македонија

Правилно
Царинска управа на Република Северна Македонија
Погрешно
Царинска Управа на Република Северна Македонија

Правилно
Основен кривичен суд – Скопје
Погрешно
Основен Кривичен суд – Скопје

Правилно
Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права
Погрешно
Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот Суд за човекови права

Правилно
Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
Погрешно
Државна Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен