УПОЗ бара нивните забелешки да се преточат во законските измени за административните службеници

Во рамките на дебатата за предложените законски измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујоски, укажа на повеќе забелешки во однос на предложените законски измени.

„Забелешките се во делот на унапредувањето на административните службеници, на оценувањето, на дисциплинските постапки и во делот на барањата за пресметката на платите кои ќе овозможат поголеми покачувања“, истакна Грујоски.

Во однос на додатоците и надоместоците на плата, Синдикатот на УПОЗ предлага тие да се воведат за работен учинок и за зголемен обем на работа, потоа регресот за годишен одмор, јубилејните награди, отпремнината за заминување во пензија да бидат регулирани со колективни договори, и тоа право да биде вградено во законот. Синдикатот бара и додаток на плата за овластувања, за што сега не се добива соодветен надоместок.

„Има разбирање, меѓутоа тоа треба да се преточи во Предлог-законот. Никако не треба да дозволиме како синдикати измените да влезат во собраниска процедура, оти потоа решение се амандмани, а тоа е веќе завршена работа”, нагласува Грујовски.

На јавна расправа презентирани законските измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Јавна дискусија за законските измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Советот за реформа во јавната администрација: Активностите за реформи се континуирани

Дилеми за трансферот од јавна администрација во приватниот сектор

ИЗМЕНИ НА ЗОУП: Висок процент на јавни органи кои поради недостиг на правници не определуваат овластени лица

Конференција за реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет

Во подготовка измени на законите за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Презентиран Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022

Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата

Измените на Законот за вработените во јавниот сектор пред Законодавно-правната комисија

Консултативен процес на МИОА за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Јавна расправа за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација

Јавна расправа за Законот за висока раководна служба

М.В