/ Прочитано:

1.464

УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет

„Денес Судскиот буџетски совет ја донесе најсрамната одлука во историјата на судството во Република Македонија. Судскиот буџетски совет донесе одлука за исплата на додатоци на плата за судиите во износ од 35%, со што судиите ќе добијат зголемување за 21.000,00 денари, што ќе биде повисоко за 85% од редовните плати кои ги добиваат вработените во судската служба.

Судскиот буџетски совет на чело со претседателот Зоран Караџовски денес требаше да донесе одлука да се вратат парите на вработените од судовите, кои во 2016 година незаконски беа одземени за време на штрајкот во судовите лично од него.

За Синдикатот на УПОЗ ова е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на суските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите.

Од овие причини Синдикатот на УПОЗ бара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и од комплетниот состав на Судскиот буџетски совет поради непоседување на морални вредности и предизвикување на состојба на хаос во судството“, се вели во соопштението на УПОЗ.